Футсал: Македонија прегазена во Скопје!

January 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Футсал: Македонија прегазена во Скопје!

Македонската футсал репрезентација доживеа убедлив пораз од Португалија, губејќи со 1:5 во натпревар во кој фаворитот ја оправда својата улога. Иако Македонија имаше одличен старт и поведе преку Рамадан во 9. минута, тоа беше речиси сè што нашата селекција успеа да направи на овој натпревар. Само две минути подоцна, Сантош погоди за израмнување, а гостите продолжија со доминација. До 16. минута, Португалците веќе имаа целосен пресврт, додека Невеш во 18. минута го зголеми водството на 1:3. Вториот дел не донесе промена во динамиката – Португалија продолжи да ја контролира играта, а Варела со два гола ја постави конечната разлика од 1:5. Ова беше втор пораз за Македонија во три натпревари во групната фаза, каде што досега освоивме само еден бод со ремито против Андора.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.