Гачевски „спиеше“ со Куп трофејот, ги спомена и сите успеси во кариерата (ФОТО)

May 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Гачевски „спиеше“ со Куп трофејот, ги спомена и сите успеси во кариерата (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар со победа од 2-0 над Струга Трим Љум на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, го освоија Купот на Македонија и се вратија на европската сцена. Херој на финалето беше Михаил Талевски, кој погоди по еднаш во двете полувремиња и ја осигура заслужената победа за „црвено-црните“. Со овој трофеј, Вардар стави крај на долг пост и обезбеди место во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Иако не беше на теренот, Филип Гачевски, кој не го бранеше голот во финалето, беше огромна поддршка од клупата. Искусниот голман не ја криеше радоста по натпреварот – во свој препознатлив стил, објави фотографија од собата со пехарот, потсетувајќи на неговите успеси и придонеси за клубот низ годините. За Вардар ова е триумф кој ја враќа надежта и мотивацијата, а фановите сонуваат за уште поголеми успеси на европската сцена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.