April 5, 2025 | | Македонија
На денешниот натпревар во Втората македонска фудбалска лига, Гостивар не беше само сцена за борба по бодови, туку и сцена на вистинска човечност и сочувство. Арсими од Чегране, далеку од сè што значи само спортски ривалитет, покажа дека понекогаш фудбалот е само рамка за нешто многу поголемо. Пред почетокот на мечот со Осогово, домаќините го истакнаа транспарентот кој ја разбуди тишината на стадионот, порака полна болка, сочувство и почит кон жртвите од трагичниот пожар во Кочани. Во време кога секоја победа на терен избледува наспроти човечките трагедии, Арсими покажа пример. Резултатот? 3:1 за домаќините. Но, тоа беше помалку важно. Вистинската победа беше во гестот, во едноминутната тишина исполнета со почит, без музика, без навреди, без циркуси, за разлика од одредени фанови на Шкендија. Само искрен молк и солидарност.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |