December 22, 2024 | | Македонија
По завршувањето на Вонредното изборно генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, новиот претседател Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата. На овој состанок, на предлог на Омерагиќ, беа направени важни кадровски промени. Марјан Стојкоски, член на ОФС Прилеп, беше избран за нов потпретседател на ФФМ, заменувајќи го Лазар Ракиџиев. Исто така, беше констатирана оставката на Наталиа Илиевска Божиновска од функцијата генерален секретар на ФФМ, а за в.д. генерален секретар беше назначен Дрилон Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќата на фудбалот“. Масар Омерагиќ предложи и именување на македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. Покрај тоа, за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ ги назначи Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, и поранешниот репрезентативец Агим Ибраими.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |