February 1, 2025 | | Македонија
Македонскиот прволигаш Гостивар денеска го официјализираше најновото засилување, 30-годишниот шкотски напаѓач Ли Ирвин. Ирвин има пазарна вредност од 700.000 евра и се очекува да биде значајна алка во тимот во борбата за повисок пласман во Првата лига. Претходно настапуваше за Хелсинки, а има искуство и во Либан, Иран, како и во неколку англиски клубови, меѓу кои најпознат е Лидс Јунајтед. Гостивар ја заврши есенската полусезона на четвртото место во македонското првенство со 35 бодови. Тимовите пред него – Работнички, Шкендија и Силекс – имаат по 37 поени, што ја прави битката за врвот уште понеизвесна.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |