Гостивар и официјално се повлече од Првата лига!

May 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Гостивар и официјално се повлече од Првата лига!

Фудбалскиот клуб Гостивар стана вториот тим по Воска кој се повлекува од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), поради строгите дисциплински мерки изречени од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Одлуката доаѓа по казната за неодамнешното повлекување од натпреварот против Работнички, што според клубот е последица на неправеден третман и различен аршин во одлуките на надлежните органи. Во официјалното соопштение, од клубот велат: „Ние не сме првиот тим кој се повлекува од терените во лигата. Два тима веќе се повлекоа од натпреварите во последните две кола и добија најтешки можни казни.“ Интересно е што соопштението на клубот повторно не беше објавено и на македонски јазик, како што тоа често е случај со претходните обраќања на Гостивар. Со повлекувањето на уште еден клуб, македонскиот фудбал добива сериозен удар во кредибилитетот и стабилноста на домашната лига. Останува да се види како ФФМ ќе одговори на ситуацијата и дали ќе следуваат нови санкции или реформи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.