Гостивар се спаси од пораз, Шкендија го доби Пелистер (ФОТО)

March 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Гостивар се спаси од пораз, Шкендија го доби Пелистер (ФОТО)

Гостивар избегна пораз на домашен терен против Брера, освојувајќи бод во завршницата со резултат 2-2. Домашниот тим прв стигна до водство, откако искусниот Антонио Каланоски го отвори резултатот по 25 минути игра. Сепак, предноста не траеше долго, бидејќи Велков израмни на 1-1 пред паузата. Во второто полувреме, гостите од Струмица направија пресврт – Мартин Ѓорѓиевски во 52. минута донесе водство за Брера. Се чинеше дека гостите ќе слават, но Гостивар изнуди реми во 87. минута преку Ајдини, освојувајќи бод кој може да биде значаен во битката за врвот. Шкендија, по поразот од Струга во претходното коло, се врати на победите со минимален триумф од 1-0 против Пелистер, благодарение на погодокот на Ибраими на 20-тина минути пред крајот. Беса приреди изненадување во највозбудливиот меч од денешната програма, победувајќи го Шкупи со 2-3 на гостински терен во Чаир. Струга, пак, славеше минимална победа од 1-0 против Воска Спорт во локалното дерби.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.