Храбро, но недоволно: Силекс славеше во Скопје, Дечиќ оди понатаму

July 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Храбро, но недоволно: Силекс славеше во Скопје, Дечиќ оди понатаму

Фудбалерите на Силекс ја запишаа победата против црногорскиот претставник Дечиќ со 2-1 во реваншот одигран во Скопје, но таа победа не беше доволна за пласман во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Гостите од Црна Гора рано шокираа – Стриковиќ погоди уште во 3. минута и ја зголеми предноста од првиот натпревар (2-0) на вкупни 3-0. Кратовци не се предадоа: израмнија во 28. минута и со резултат 1-1 се замина на полувреме. Во второто полувреме Силекс доминираше, напаѓаше, создаваше, а надежта ја врати Хрвановиќ со погодок во 80. минута. Но, времето не беше сојузник на македонскиот тим – конечни 2-1, но вкупни 3-2 за Дечиќ, кој продолжува во следната фаза. Силекс може да жали за поразот во првиот меч, но денешната борбеност е залог за иднината.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.