January 21, 2025 | | Македонија
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, се засили со ново име на подготовките што се одржуваат во Анталија, Турција. Редовите на „црвено-црните“ ги дополнува Хрватот Мислав Матиќ, кој пристигнува од тимот на Широки Бријег од Босна и Херцеговина. Овој 25-годишен стопер, висок 195 сантиметри, зад себе има искуство од клубови како Рудеж, Шибеник, Локомотива Загреб во Хрватска, како и Минај од Украина. Матиќ веќе се приклучи на подготовките и е на располагање на тренерот Гоце Седлоски. Очекувањата се да биде дел од составот за претстојните пријателски натпревари, носејќи дополнителна сигурност во дефанзивната линија на Вардар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |