Хуман гест на Пелистер: Приходите од билетите од дуелот со Вардар ќе бидат донирани за семејствата на жртвите во Кочани

March 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Хуман гест на Пелистер: Приходите од билетите од дуелот со Вардар ќе бидат донирани за семејствата на жртвите во Кочани

Битолчани денеска соопштија дека билетите за претстојното дерби против Вардар ќе чинат 200 денари, а целиот приход ќе биде дониран. Раководството на Пелистер покажа голема хуманост со одлуката сите средства од влезниците да ги насочи кон семејствата на жртвите од трагедијата во дискотеката во Кочани. Со овој потег, клубот демонстрира солидарност и поддршка кон погодените семејства, испраќајќи силна порака за заедништво и човечност. „ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција. Цена на билетот: 200 денари“, објави битолскиот прволигаш.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.