И официјално Омерагиќ кандидат за претседател на ФФМ, има поддршка од Пандев

November 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

И официјално Омерагиќ кандидат за претседател на ФФМ, има поддршка од Пандев

На вонредно собрание одржано синоќа општинскиот фудбалски сојуз на Свети Николе ја поддржа кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Истата беше едногласно поддржана со 16 гласови на состанокот во Свети Николе. Во моментов, Омерагиќ е единствениот кандидат за наследник на Муамед Сејдини, кој на 17 ноември објави дека се повлекува од челното место во ФФМ. Тој е поддржан од личности како Горан Пандев, Илија Најдоски, Агим Ибраими, Гоце Седлоски и Ѓорги Христов.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.