July 28, 2025 | | Македонија
Македонската судијка Ивана Пројковска доби огромна чест од КОНМЕБОЛ – ќе ја дели правдата на полуфиналниот дуел на Копа Америка меѓу Аргентина и Колумбија, кој се игра денеска од 19:00 часот во Квинто. Пројковска ќе биде главна судијка, а асистентки ќе ѝ бидат Џулиа Темпестили и Ирагарце Фернандез Есесумага. Овој голем успех доаѓа преку соработката меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ за размена на судии, што овозможува европските арбитерки да стекнат искуство на големи јужноамерикански турнири и обратно. Како дел од оваа размена, бразилската судијка Едина Алвес Батиста имаше можност да суди полуфинале на Европското првенство, додека Пројковска добива шанса да биде дел од историјата на Копа Америка.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |