Италијански клуб е заинтересиран за Барди

June 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Италијански клуб е заинтересиран за Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е на радарот на италијанскиот клуб Торино кој заврши на деветтото место во Серија А.

Турските медиуми објавија дека овој клуб на чело со тренерот Иван Јуриќ покажува интерес за македонскиот репрезентативец Барди, кој поради повреда не настапи против Хрватска, а нема да игра и против Чешка.

Засега не се зборува за тоа колку би можел да изнесува трансферот. Тој моментално игра во Турција во Трабзонспор каде настапи на 42 натпревари и постигна 7 гола и запиша 6 асистенции.

Договорот на Енис Барди со Трабзонспор трае до 2025 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.