June 30, 2025 | | Македонија
Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов се врати во редовите на Краковија откако му заврши едногодишната позајмица во Пушча Ниеполомице, екипа која минатата сезона ја заврши на дното од полската Екстракласа. Во дресот на Пушча, Атанасов забележа 11 настапи и постигна два гола, но клубот не успеа да избори опстанок. Сега, по враќањето во Краковија, тој ќе се обиде да се наметне во плановите на новиот тренер, кој неодамна го презеде тимот. Актуелниот договор на Атанасов со Краковија важи до крајот на следната сезона, а во наредниот период, преку настапите на подготовките, ќе се обиде да избори место меѓу стартерите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |