September 10, 2025 | | Македонија
Тиквеш, Шкендија и Шкупи се најновите патници во осминафиналето на Купот на Македонија. Најубедлив триумф оствари Шкендија, која со неверојатни 0-9 го совлада Јени Маале. Прашањето околу победникот беше решено уште во првиот дел, кога тетовци постигнаа пет гола. Новото засилување Адтхе Мазари блескаше со хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа и Рамадани, Цаке, Љафити, Адеми и Красниќи со два погодоци. Впечатлив беше и гестот на домаќините, кои пред почетокот на мечот ѝ подарија букет цвеќе на Шкендија како честитка за настапот во Конференциската лига. Тиквеш обезбеди пласман понатаму со минимална победа над Скопје (0-1), додека Шкупи беше поуспешен на гостувањето кај Кожуф, славејќи со 0-2. Со овие три екипи, комплетирани се 15 учесници во осминафиналето. Претходно таму место обезбедија: Башкими, Беласица, Пелистер, Работнички, Македонија ЃП, Силекс, Новаци, Охрид, Детонит, Брегалница и Шкендија Арачиново. Актуелните финалисти Вардар и Струга согласно правилникот директно стартуваат од оваа фаза.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |