June 15, 2025 | | Македонија
Македонија ќе има своја претставничка на една од најголемите фудбалски сцени во женскиот фудбал ова лето – Ивана Пројковска ќе биде единствената европска судијка која ќе дели правда на Копа Америка за жени.
Фудбалската асоцијација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) ѝ ја довери улогата на главен судија на престижниот турнир, кој ќе се одржи од 12 јули до 2 август во Еквадор. Пројковска ќе биде дел од елитна група од вкупно единаесет судијки, од кои десет се од Јужна Америка.
За време на турнирот, ќе соработува со помошничките Џулија Гемпестили и Ирагарце Фернандез, формирајќи тим кој ќе претставува комбинација од интернационално искуство и професионалност.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |