December 27, 2024 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија денеска објави дека Драги Канатларовски е разрешен од должноста селектор на репрезентацијата до 21 година, а на негово место ќе дојде Горан Станиќ. Канатларовски беше на чело на младинците од јуни 2021 година, кога го замени Благоја Милевски, но не постигна значителни успеси во текот на својот мандат. Горан Станиќ, кој е актуелен тренер на ФК Работнички го дели првото место по првиот дел од тековната сезона во МФЛ, има богато искуство во младинскиот фудбал. Тој беше селектор на репрезентациите до 17 и до 19 години, а во 2017 и 2019 година го доведе тимот до пласман во Елитната фаза на квалификациите. Во стручниот штаб на А репрезентацијата на Македонија, Станиќ беше дел од тимот на Европското првенство – ЕУРО 2020. ФФМ ги разреши и селекторите на младинските репрезентации до 19 години (Вујадин Станојковиќ), до 17 години (Раде Каранфиловски), до 16 години (Драган Начевски) и до 15 години (Исени Иљами). Единствениот селектор кој ја задржа својата функција во младинските категории е Ерхан Селими, селектор на репрезентацијата до 18 години.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |