July 31, 2025 | | Македонија
Вардар го одигра едно од најлошите полувремиња во поновата историја на европските настапи – Лозана има убедливо водство од 3-0 по првите 45 минути од реваншот во Швајцарија и со вкупни 4-2 е на прагот на следната рунда. Домаќините поведоа уште во 15. минута, кога Дусен со глава погоди по центаршут од корнер. Вардар веднаш можеше да израмни преку Мато, Омерагиќ и Јанкулов, но тројната шанса остана нереализирана. Во 33. минута, Кали Сене мајсторски го лобуваше Талески за 2-0, а во втората минута од судиското продолжение истиот играч постигна уште еден погодок за 3-0 и практично ја запечати судбината на „црвено-црните“. Вардар ќе мора да направи вистинско чудо во второто полувреме за да ја анулира големата негатива и да остане во Европа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |