„Комити“: Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!

November 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

„Комити“: Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!

Навивачката група „Комити“ не се согласува со одлуката на управата на клупата да дојде Гоце Седлоски. Во сабота Вардар ќе се сретне со Шкупи, клубот кој Седлоски го водеше и поради кој беше етикетиран како предавник. Ваквата одлука тие ја осудија преку официјално соопштение. „СЕДЛО - МРШ ОД ВАРДАР! Гоце Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар! Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа! Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено! Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки“, напишаа „Комити“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.