Кондицискиот тренер на Воска Спорт преживеал срцев удар

March 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Кондицискиот тренер на Воска Спорт преживеал срцев удар

Македонскиот прволигаш Воска Спорт денеска се соочи со непријатна вест – нивниот кондициски тренер, Бехар Укали, доживеа срцев удар. За среќа, неговата состојба е стабилна, а клубот веднаш испрати порака за поддршка. „Воска е со тебе, Бехар! Со цело срце сме покрај тебе и ти посакуваме брзо закрепнување. Едвај чекаме повторно да те видиме на теренот, посилен од било кога!“, стои во емотивната порака на клубот. Фудбалската заедница со внимание ги следи вестите за Укали, надевајќи се на негово брзо враќање во тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.