Конечно Арена Спорт и на македонски јазик

February 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Конечно Арена Спорт и на македонски јазик

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа доживеа пораз на гостувањето во Талин против Естонија, со што ги загуби шансите за пласман на Европското првенство. Овој натпревар можеше да се гледа само на кабловскиот канал Спорт Клуб, кој ги поседува правата за квалификациските дуели во кошарка. Како што е веќе вообичаено последниве години, натпреварите на македонската репрезентација беа пренесувани со српски коментатор, без можност за следење на македонски јазик. Сепак, според најновите најави, наскоро треба да се појави спортски канал на македонски јазик – најверојатно Арена Спорт. Тука може да има огромни промени, бидејќи претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, бил во Белград. Таму, една од главните теми на разговор била ексклузивното право на Арена Спорт за пренос на натпреварите од македонската Прва фудбалска лига (ПМФЛ), како и од Купот на Македонија, почнувајќи од следната сезона. Во моментов, телевизиските права за ПМФЛ ги поседува Спорт Клуб ТВ, но оваа мрежа веќе е купена од Арена, што дополнително ја засилува можноста македонскиот спорт конечно да добие канал со коментари и анализи на македонски јазик.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.