May 27, 2025 | | Македонија
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска на брифинг со новинарите се осврна на најактуелните случувања во македонскиот фудбал, меѓу кои најмногу внимание предизвика спорниот натпревар помеѓу Кожуф и Башкими. Дуелот кој предизвика бурни реакции во јавноста влезе и во фокусот на УЕФА, од каде што, според зборовите на Омерагиќ, е побарано официјално објаснување. „Натпреварот беше срамен. Стигна и мејл од УЕФА со барање за појаснување на случувањата. Преземени се сите мерки во рамките на правилниците и на основа на изјавите на осум официјални лица. Имаме сведочења од фудбалери, што е позитивен сигнал, има луѓе со совест кои соработуваат во истрагата“, изјави Омерагиќ. Тој нагласи дека засега се казнети само тренерот и спортскиот директор на Кожуф, бидејќи експлицитно изјавиле дека натпреварот треба да се загуби. „Отворена е постапка. Нема да штитиме никого, но нема ниту да донесуваме казни без конкретни докази. Досегашната истрага не покажала инволвираност на екипата на Башкими, ниту еден од играчите на Кожуф кои дадоа изјава не го спомена тој клуб“, додаде првиот човек на ФФМ. Случајот и понатаму останува под лупа, а ФФМ ветува дека ќе го истера процесот до крај, транспарентно и без политички или спортски влијанија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |