Криза во Шкупи: „Шверцерите“ им ги одзедоа дресовите на играчите

September 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Криза во Шкупи: „Шверцерите“ им ги одзедоа дресовите на играчите

Прволигашот Шкупи се наоѓа во една од најтешките кризи во поновата историја. По седум одиграни кола и исто толку порази, чаирчани го одиграа и првиот домашен меч сезонава – пораз од Македонија ЃП со 0-2 – по што атмосферата ескалираше. Навивачката група „Шверцери“ по завршувањето на натпреварот им ги одзеде дресовите на играчите, со порака дека тоа не е чин против нив, туку протест против клубот и спонзорот. Во нивното остро соопштение се наведува: Фудбалерите и вработените немаат земено плата од јануари, квалитетните играчи заминале, а новите засилувања се без форма и визија, најголемата вина ја носи раководството, особено претседателот Јасин Конџали, кој со месеци е отсутен од клубот, а под критика е и тренерот Умит Шахин, обвинет за пасивност и недостаток на авторитет. „Дресовите ќе ги вратиме кога тренерот ќе си замине“, порачаа „Шверцерите“, нагласувајќи дека тие 36 години се столбот зад клубот, но нема да престанат со притисокот додека Шкупи не се ослободи од „канцерогените структури што го уништуваат“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.