Македонија денеска ги дознава противниците во битката за СП 2026

December 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонија денеска ги дознава противниците во битката за СП 2026

Фудбалската репрезентација на Македонија денес ќе ги дознае своите противници за квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Ждрепката ќе се одржи во 12:00 часот во Цирих. Следното Светско првенство ќе има историски голем број на учесници – вкупно 48 репрезентации. Македонија ќе биде сместена во третата урна, заедно со тимовите на Шкотска, Словенија, Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Израел. Ждрепката ќе резултира со формирање на 12 квалификациски групи (од А до Л), од кои првите шест ќе имаат по четири, а останатите по пет екипи. Од зоната на УЕФА, 16 репрезентации ќе обезбедат директно учество на Светското првенство. Тие ќе бидат победниците во своите групи, додека останатите четири места ќе се одредат во баражот што ќе се одигра во март 2026 година. Во баражот ќе учествуваат 12-те второпласирани селекции и четирите најдобро пласирани тимови од Лигата на нации, кои не се квалификуваа директно. Русија нема да учествува во ждрепката, а постојат и ограничувања за одредени меѓусебни пресметки поради политички причини. Така, репрезентациите на Украина и Белорусија, Азербејџан и Ерменија, Србија и Косово, Шпанија и Гибралтар, како и Босна и Херцеговина и Косово, ќе бидат изолирани една од друга во квалификациите. Поделба по урни: Прва урна: Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Англија, Швајцарија, Хрватска, Холандија, Данска, Германија, Белгија, Австрија Втора урна: Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Романија, Грција, Словачка, Чешка, Норвешка Трета урна: Шкотска, Словенија, Ирска, Албанија, Македонија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Израел; Четврта урна: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Косово, Ерменија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Латвија, Литванија Петта урна: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.