December 7, 2024 | | Македонија
Македонија ЃП официјално е есенски шампион во Втората фудбалска лига, откако ја завери првата позиција на табелата со победа од 0-4 на гостувањето кај Беласица. Поранешниот шампион и освојувач на купот ја заврши полусезоната на врвот. На втората позиција останува Брегалница, која иако денеска загуби од Башкими со 2-1, има само бод предност тимот од Куманово, кој полусезоната ја завршува на третото место. Башкими е поранешен прволигаш кој има шанси за натамошен напредок во пролетниот дел на сезоната. Интересна е и победата на Вардарски од Богданци, кој го совлада Осогово со 2-1 на домашен терен. Ова е нивна прва победа оваа сезона и прва после пауза од 27 години, што ги остава во игра за опстанок во лигата. ВМФЛ 15. КОЛО. Арсими – Вардар Неготино 4-1 Башкими – Брегалнца 2-1 Беласица – Македонија Ѓорче Петров.0-4 Каменица Саса – Скопје (Прекината) Новаци – Кожуф 0-0 Охрид – Борец 4-1 Победа – Детонит 0-0 Вардарски – Осогово 2-1 ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 38, Брегалница 33, Башкими 32, Арсими 29, Деонит 25, Каменица Саса 24, Охрид 24, Кожуф, 22, Скопје 19, Беласица 19, Новаци 18, Победа 14, Вардар Неготино 14, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 5.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |