Македонија има 88% шанса да игра бараж за СП!

January 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонија има 88% шанса да игра бараж за СП!

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши 2024 година со импресивни настапи во Лигата на нациите, каде обезбеди место во Б-сегментот на ова европско натпреварување. Дополнително, со освоените 16 поени во Ц-сегментот, Македонија има огромни изгледи за учество во баражот за Светското првенство 2026. Иако главниот фокус во 2025 година ќе биде битката за директна квалификација за Мундијалот во САД, Канада и Мексико, нашата репрезентација се издвојува како една од најголемите фаворити за бараж. Ова се должи на успешните настапи во Лигата на нациите, што ги зголемува шансите за остварување на целта преку алтернативен пат. Според анализите на „Фудбал Дата“, Македонија се наоѓа на второто место меѓу европските репрезентации со најголема веројатност (88%) за обезбедување бараж за Светското првенство. Единствената селекција што е подобро позиционирана е Северна Ирска со 90% шанси за бараж. Сепак, шансите за директен пласман на нашата селекција се значително помали, со само 11% веројатност за освојување на првото место во квалификациската група. Анализите покажуваат дека фаворит за директен пласман е Белгија со 58% шанси, а по неа следи Велс со 28%. Казахстан има само 2% можност за директен пласман, додека Лихтенштајн не фигурира како потенцијален натпреварувач за Мундијалот. Јасно е дека успешните резултати во Лигата на нациите отворија врата за македонската репрезентација да биде дел од елитното натпреварување, што го засилува оптимизмот за идниот развој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.