Македонија оштетена: Противнички играч бил заменет на полувреме, повторно влегол и го дал третиот гол

March 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонија оштетена: Противнички играч бил заменет на полувреме, повторно влегол и го дал третиот гол

Македонската репрезентација до 21 година го одигра својот прв натпревар под водство на новиот селектор Горан Станиќ, но забележа пораз од Белорусија со 3-1 во Анталија. Во првиот дел нашата иницијатива не беше искористена, а ривалот од првата шанса успеа да постигне гол и да дојде до почетно водство. Второто полувреме не донесе ништо позитивно на резултатски план за Македонија, примени два погодоци за 3-0, по што Стојанов ги постави конечните 3-1. Сепак, мечот го обележа и катастрофалното судење. На полувремето фудбалерот на Белорусија, Кирил Цепенков, беше изваден од игра, но во продолжението повторно влезе на теренот на местото на играч кој го напушти натпреварот поради повреда. Турските судии беа запознаени со оваа ситуација, но не реагираа, дозволувајќи му на Цепенков да го доигра натпреварот. На крајот токму тој беше стрелец на третиот погодок. Македонија можеше да дојде до подобар резултат доколку шансите биле поефикасно искористени, односно завршницата на акциите била подобра. Втората контролна средба ќе се одигра против Азербејџан на 25 март.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.