March 25, 2025 | | Македонија
Сцената е поставена, емоциите се разгоруваат, а фудбалска Македонија со нетрпение го очекува вториот квалификациски предизвик за Светското првенство 2026. Вечерва, националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе биде поприште на битката против Велс, а селекторот Благоја Милевски веќе ги избра 11-те храбри воини кои ќе го предводат нападот кон триумф.
Селекторот Благоја Милевски одлучи со кои 11 играчи ќе го стартува денешниот дуел.
На голманската позиција е С. Димитриевски, во одбраната се Е. Алиоски, В. Муслиу, Н. Серафимов и Ѓ. Зајков.
Средниот ред го пополнуваат капитенот Е. Барди, И. Алими и Б. Илиевски, а во нападот се Е. Елмас, Б. Миовски и Т. Костадинов.
Шанса за настап од клупата за резерви ќе чекаат И. Алексовски, Ј. Атанасов, Д. Чурлинов, Б. Димоски, А. Елези, Д. Илиев, Ј. Манев, Л. Станковски, А. Стојчевски, Д. Тошевски и А. Трајковски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |