September 6, 2025 | | Македонија
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години запиша уште една победа против врсниците од Босна и Херцеговина, овојпат во Струмица со резултат 2-1. Највозбудливи моменти имаше во првото полувреме. По половина час игра, судијата досуди пенал за Македонија, а Стефан Младеновски беше сигурен реализатор за 1-0. Радоста траеше само три минути – Спахиќ со прецизен удар од дваесетина метри го совлада голманот Бешир за 1-1. На почетокот од вториот дел, одбраната на гостите направи грешка, а топката заврши кај Игор Ристов, кој рутински погоди за ново водство на Македонија. До крајот, „црвено-жолтите“ имаа уште неколку шанси, но резултатот остана 2-1. Со оваа победа, Македонија ја потврди добрата форма – во првиот натпревар во Радовиш, младите репрезентативци славеа со 2-0.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |