December 13, 2024 | | Македонија
Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна своите ривали во квалификациите за Светското првенство 2026. Патот до Мундијалот ќе ја води преку Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Со зголемувањето на бројот на учесници на Светското првенство од 32 на 48 репрезентации, Европа ќе има 16 претставници наместо досегашните 13. Поради ова, квалификацискиот систем доживеа делумни промени. Ждрепката резултираше со формирање на 12 квалификациски групи. Победниците од групите ќе обезбедат директен пласман на Светското првенство. Шест од групите ќе имаат по четири репрезентации, додека во останатите шест ќе се натпреваруваат по пет тимови. Дванаесетте второпласирани селекции, како и четирите најдобро пласирани тимови од Лигата на нации кои не завршиле на едно од првите две места во своите групи, ќе имаат шанса да се пласираат на Светското првенство преку плеј-оф. Шеснаесетте репрезентации кои ќе се квалификуваат за плеј-офот ќе учествуваат на четири турнири кои ќе се одржат во март 2026 година. Само победниците од овие турнири ќе обезбедат пласман на Светското првенство. Сите квалификациски групи за пласман на Светското првенство во Канада, Мексико и САД 2026 година: Група А: Победникот од дуелот Германија-Италија, Словачка, Северна Ирска, Луксембург Група Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово Група Ц: Поразениот од натпреварот Португалија-Данска, Грција, Шкотска, Белорусија Група Д: Победникот од дуелот Франција-Хрватска, Украина, Исланд, Азербејџан Група Е: Победникот од дуелот Шпанија-Холандија, Турција, Грузија, Бугарија Група Ф: Победникот од натпреварот Португалија-Данска, Унгарија, Република Ирска, Ерменија Група Г: Поразениот од натпреварот Шпанија-Холандија, Полска, Финска, Литванија, Малта Група Х: Австрија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Сан Марино Група И: Поразениот од натпреварот Германија-Италија, Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија Група Ј: Белгија, Велс, Македонија, Казахстан, Лихтенштајн Група К: Англија, Србија, Албанија, Латвија, Андора Група Л: Поразениот од дуелот Франција-Хрватска, Чешка, Црна Гора, Фарски Острови, Гибралтар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |