June 9, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација води со 1-0 на гостувањето кај Казахстан во рамките од квалификациите за Светското првенство, благодарение на погодок на Александар Трајковски во 33. минута. Натпреварот се одвива во тежок и израмнет ритам, но Македонија ја искористи една грешка на домаќините. По лоша реакција на еден казахстански дефанзивец, топката стигна до Божиновски, кој веднаш ја префрли до Трајковски. По кратко отскокнување и контакт со домашен играч, топката му легна идеално на Трајковски, кој со прецизен волеј го матираше голманот на Казахстан. Македонија со ова водство доби дополнителна сигурност, но мечот и понатаму нуди жестока борба и неизвесност.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |