Македонија замина за Прага – утре пријателски меч со Саудиска Арабија

September 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонија замина за Прага – утре пријателски меч со Саудиска Арабија

Репрезентативците на Македонија претпладнево отпатуваа за Прага, каде што утре ќе го одиграат пријателскиот натпревар против селекцијата на Саудиска Арабија. Тие се собраа во понеделникот, а веќе попладнево ќе го одработат првиот тренинг на стадионот „Викторија“ во чешката престолнина – арената на која ќе се сретнат со азискиот ривал. Ова ќе биде трет дуел меѓу Македонија и Саудиска Арабија. Првиот се одигра во Ријад на 1 август 2001 година и заврши без победник (1-1). Вториот беше на 22 октомври 2022 во Абу Даби, кога Саудијците славеа со минимални 1-0. Мечот во Прага ќе биде вистинска генерална проба за избраниците на селекторот пред многу поважниот дуел – квалификацискиот натпревар за СП 2026 против Лихтенштајн, кој ќе се игра в недела на „Тоше Проески“ во Скопје. Македонија ќе се обиде преку овој пријателски натпревар да ја подобри формата, да ги воигра новите сили во тимот и со позитивна енергија да влезе во квалификацискиот предизвик.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.