Македонскиот талент ја продолжува кариерата во Чешка

September 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонскиот талент ја продолжува кариерата во Чешка

Македонскиот талент Мартин Ѓорѓиевски (20) направи значаен чекор во својата кариера со трансфер во Чешка. Поранешниот играч на Брера Струмица потпиша повеќегодишен договор со второлигашот Збројовка Брно, клуб кој има јасна цел – враќање во елитата. Од чешкиот клуб открија дека за Ѓорѓиевски интересувале уште неколку екипи од Европа, меѓу кои Ракув од Полска, Пафос од Кипар и шкотскиот Данди. „Ова е голем чекор за мене. Чешкиот фудбал е на високо ниво, а мојата амбиција е со Брно да избориме пласман во првата лига. Убеден сум дека ќе бидам среќен и успешен во овој клуб и овој град“, изјави Ѓорѓиевски при промоцијата. Младиот офанзивец веќе има 83 настапи и 13 голови во Првата македонска лига, а редовно настапува и за младинските национални селекции. Веќе го запиша и својот прв настап за репрезентацијата на Македонија У21.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.