June 8, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација денеска тренираше на стадионот „Астана Арена“, каде утре од 16 часот ќе го одигра квалификацискиот натпревар против Казахстан за Светското првенство 2026.
По добриот резултат против Белгија, нашите фудбалери имаат нов предизвик. Иако Македонија важи за фаворит, Казахстан нема да биде лесен противник и ќе се обиде да ги освои бодовите. Дополнителна предност за домаќините е тоа што натпреварот ќе се игра на вештачка трева.
Нашите играчи денеска се запознаа со условите и одржаа редовен тренинг.
Селекторот Благоја Милевски нема да ја води репрезентацијата на утрешниот натпревар поради суспензија. Неговата улога ќе ја преземат помошниците Роберт Стојановски и Влатко Грозадановски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |