November 18, 2024 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација вчера и официјално заврши прва во групата Ц од штотуку завршената Лига на Нации и се сели во погорниот шешир каде од следниот циклус ќе бидеме во Б дивизијата. Благодарение на овој успех, Македонската фудбалска репрезентација ќе подели премија од 600.000 евра од средствата на ФФМ, пишува Спортспорт. Освен оваа сума, раководството реши да додели дополнителни 440.000 евра за целокупниот екипаж на репрезентацијата. Селекторот Благоја Милевски на синоќешната прес конференција јавно се заблагодари и од срце им честита на неговите избраници за тоа што го остварија во оваа Лига на Нации и за тоа како се боре во националниот дрес. Нивниот моментален статус по клубовите и се што им се случува на приватен план, едноставно не соодетстува со она што репрезентативците го прикажуваат во националниот дрес. Токму заради ова, селекторот рече дека заслужуваат максимален респект и огромни честитки од сите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |