Манев: Тешко е, ќе играме во нивна чест, никогаш нема да бидат заборавени

March 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Манев: Тешко е, ќе играме во нивна чест, никогаш нема да бидат заборавени

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за претстојните квалификациски дуели со Лихтенштајн и Велс, но овој собир носи сосема поинаква атмосфера од претходните. Наместо вообичаените насмевки и мотивираност, меѓу играчите владее тешка и тажна атмосфера, одраз на трагедијата што ја потресе цела Македонија. Сепак, репрезентативците мора да ја завршат својата задача и да се фокусираат на натпреварите. Особено погоден од оваа ситуација е Јован Манев, кој потекнува од Кочани и длабоко ја чувствува болката на својот роден град. „Ова се едни од најтешките денови за мене и за сите нас. Изгубивме блиски пријатели, луѓе што ни значеа, но знам дека тие би сакале да останеме тука и да се бориме за Македонија. Ќе ни недостасуваат засекогаш, но никогаш нема да бидат заборавени. Ако добијам шанса, како и моите соиграчи, ќе го дадам својот максимум во нивна чест. Ова е можност да покажеме сплотеност и да оствариме резултати за сите што ги загубивме“, изјави Манев.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.