June 9, 2025 | | Македонија
Фудбалскиот клуб Пелистер ја започна најавената реорганизација во своите редови, а првиот потег во таа насока е назначувањето на нов координатор на младинската школа. Од денес, на таа функција е именуван Марјан Секуловски, кој ќе го наследи Златко Цветановски. Станува збор за поранешен фудбалер и тренер на Пелистер, личност која е широко позната по својата професионалност и посветеност на работата. Секуловски има богато искуство како стратег, со настапи на клупата на неколку прволигашки екипи во Македонија, како и интернационално искуство. Неговото враќање во Битола е дел од поширок план за подигање на квалитетот и системската работа со младите категории. Од клубот најавуваат дека на Секуловски ќе му биде доверена целосна реконструкција и унапредување на младинската школа, со цел Пелистер повторно да стане препознатлив по квалитетна продукција на фудбалски таленти. Златко Цветановски, кој досега ја извршуваше оваа функција, се разделува со клубот по завршување на својата мисија во младинските категории.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |