April 17, 2025 | | Македонија
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска во „Куќата на фудбалот“ оствари значајна средба со високата делегација на Црвена Звезда, предводена од генералниот директор Звездан Терзиќ и претседателот Светозар Мијаиловиќ. На средбата присуствуваше и спортскиот директор на ФК Вардар, Игор Ивановски.
Поводот за посетата беше вчерашниот хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, кој се одигра на Националната арена во Скопје со цел собирање средства за семејствата погодени од неодамнешната трагедија во Кочани.
Претседателот Омерагиќ изрази длабока благодарност за поддршката што клубот од Белград ја даде во оваа иницијатива, нагласувајќи ја важноста на солидарноста и спортската поврзаност меѓу народите.
„Ни беше чест да бидеме домаќини на раководството на Црвена Звезда, клуб што отсекогаш бил поврзан со македонскиот фудбал и народ. Звезда не е само спортски гигант, туку и модел на организација и професионализам. Пријателските односи и партнерствата се клучни доколку сакаме да се доближиме до европските стандарди“, изјави Омерагиќ.
Посетата на белградскиот гигант претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката помеѓу фудбалските институции на Македонија и Србија. Двете страни ја истакнаа подготвеноста за идни заеднички проекти и иницијативи насочени кон развој на младинскиот фудбал, размена на искуства и поддршка на регионалниот спортски напредок.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |