Масар Омерагиќ е новиот претседател на ФФМ

December 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Масар Омерагиќ е новиот претседател на ФФМ

Масар Омерагиќ денеска и официјално стана седми претседател на Македонската Фудбалска Федерација, по едногласно избирање на Вонредното Собрание кое се одржа во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Како единствен кандидат, Омерагиќ беше акламирано избран од сите присутни делегати и така стана новиот лидер на македонскиот фудбал. При своето обраќање како наследник на Муамед Сејдини, Омерагиќ истакна дека ќе ја отвори вратата за сите кои сакаат да помогнат на македонскиот фудбал, при што нагласи дека во неговиот тим ќе преовладуваат чесноста, транспарентноста и чистиот образ. „Приоритет ќе ни биде реконструкција на работата во младинските категории. Не го искористивме пласманот на Европско првенство како што треба и не добивме наплив на нови играчи. Стагнираме во младинските категории, имаме лоши резултати и планираме да направиме реформа која во две години треба да донесе резултати“, изјави Омерагиќ. Тој додаде дека младинските категории треба да бидат расадник за играчи во У21 репрезентацијата, а потоа од таму да се црпи најдоброто за А селекцијата. Омерагиќ најави и голем новитет во македонскиот фудбал – имплементација на ВАР системот во Првата лига од сезоната 2025/26.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.