September 3, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија во Прага, како дел од подготовките за квалификацискиот меч со Лихтенштајн. Избраниците на селекторот Благоја Милевски веќе го одработија официјалниот тренинг на стадионот на Викторија Жижков, а стратегот очекува дуелот да покаже колку тимот моментално вреди. „Максимално сериозен противник имаме во името на Саудиска Арабија. Неслучајно се одлучивме да играме со нив, затоа што ќе може да го видиме моменталниот потенцијал кој го поседуваме. Шанса ќе добијат сите, но не значи дека овој дуел не ни е важен“, рече Милевски. Селекторот нагласи дека ќе ротира во составот за да им даде можност на сите фудбалери да се наметнат, но и додаде дека главниот акцент останува на неделниот натпревар во Скопје против Лихтенштајн. „Се работи за ривал редовен учесник на Светските првенства и го гледам дуелот како еден предизвик за сите наши играчи. Очекувам Македонија да покаже дека може, дури и оние со помала минутажа или нерешен статус во клубовите“, истакна селекторот. Македонија ќе го пречека Лихтенштајн в недела во Скопје во рамки на квалификациите за Светското првенство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |