Милевски: Играчите кои не играат во клубовите да си ги решат проблемите за да бидат конкурентни

June 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Милевски: Играчите кои не играат во клубовите да си ги решат проблемите за да бидат конкурентни

Македонија претрпе убедлив пораз од 3-0 против Хрватска во Ријека, а селекторот Благоја Милевски имаше забелешки на тактичката дисциплина на нашите репрезентативци, а ги критикуваше и оние кои имаат слаба минутажа во своите клубови.

„Во првото полувреме имавме неколку добри моменти и мислам дека можевме да ги искористиме подобро. Одредени играчи мораат да ги решат проблемите со минутажата во своите клубови за да бидат поконкуретни во националниот тим“, рече тој.

Милевски додаде дека Хрватска е подобра во овој момент и упати честитки за нивната победа.

„Ова е одлична прилика за да видиме од повеќе аспекти до каде сме и на што треба да работиме за да бидеме на повисоко ниво и во иднина“, изјави Милевски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.