Милевски: Не сум задоволен од играта во одредени моменти

October 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Милевски: Не сум задоволен од играта во одредени моменти

По победата над Летонија, селекторот Благоја Милевски рече дека е задоволен од резултатот, од пристапот и од желбата на фудбалерите. „Од играта во одредени моменти не сум задоволен, но најважен е резултатот, а сите аномалии ќе ги решаваме во од. Имавме картони, повреди и вирус, но исконтролиравме и победивме. Ова е победа на фудбалерите, тие се заслужни, иако ние пред натпреварот имаме план А, Б и Ц. Почнавме да го градиме овој натпревар по оној пораз од 7-0 во Манчестер и добива физиономија како што сакам јас да изгледа мојот тим. Секогаш тежнеам за нешто повеќе, но работата на тимот полека дава резултати“, рече Милевски. Веќе во недела Македонија го игра следниот натпревар и тоа против селекцијата на Ерменија каде се очекува да го потврди првото место во групата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.