June 7, 2025 | | Македонија
Македонија одигра 1-1 против Белгија во Скопје на стартот од јунскиот квалификациски прозорец за Светското првенство 2026, во натпревар кој донесе многу емоции, добра игра и вреден бод против еден од најсилните ривали во групата. Но, покрај головите и шансите, мечот ќе се памети и по жолтиот картон за селекторот Благоја Милевски. Во 82. минута од средбата, Милевски влезе во вербален дуел со четвртиот судија, по што главниот судија му покажа жолт картон. Со оваа санкција, селекторот нема да може да ја води репрезентацијата на следниот натпревар. Во отсуство на Милевски, Македонија на дуелот против Казахстан во Астана ќе ја предводи еден од неговите помошници. Најверојатно таа улога ќе ја преземе Роберт Стојановски, со поддршка од Влатко Грозданоски. Натпреварот против Казахстан, кој се игра в понеделник, може да биде од клучно значење во борбата за пласман на Светското првенство, а македонскиот тим ќе мора да покаже зрелост и стабилност и без присуството на главниот стратег на клупата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |