Милевски: Ни требаат вакви натпревари ако сакаме да напредуваме

June 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Милевски: Ни требаат вакви натпревари ако сакаме да напредуваме

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го одигра и другиот контролен натпревар и тоа против репрезентацијата на Чепка. Утрешниот натпревар ќе започне од 18 часот. Во пресрет на овој натпревар, селекторот Благоја Милевски рече дека не може да се променат премногу работи за неколку дена, но среќен е што нема нови повреди во селекцијата. „За три-четири дена не може ништо да подобрите, посебно во овој дел од сезоната, работевме на освежување на тимот во изминатите денови. Задоволен сум што сите се здрави, освен Енис Барди кој има повреда. Кога сте учесник на ЕП, тоа е доволно голем доказ за квалитет. Чешка покажа дека има извонредни играчи кои настапуваат во најголемите европски лиги, но имаат и домашни фудбалери, а тоа значи дека имаат квалитетно првенство“, вели Милевски. Тој додаде дека станува збор за сериозна репрезентација со голем квалитет. „Ќе имаме противник различен од типот на Хрватска и не е случајно што се учесници на ЕП. Потребни ни се вакви натпревари ако сакаме да напредуваме“, додаде тој. Милевски рече дека од некои моменти не бел задоволен со Хрватска, пред се во второто полувреме, а кои треба да ги елиминираме. „Говорам за оние аномалии за трпението, системот и тактичката дисциплина. Физичката подготовка е фактор број еден за да бидете на ниво цели 90 минути, но што е, тука е. Одиме да го извадиме максимумот, иако сме свесни дека е крај на сезоната и заморот е присутен кај играчите, како и проблемите кои ги имаат дел од играчите во клубовите“, изјави Милевски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.