September 7, 2024 | | Македонија
Македонија дури 11 месеци немаше остварено победа, а лошата серија продолжи и денес со натпреварот против Фарски Острови каде на гостински терен одигравме нерешени 1-1 каде и двете селекции погодија од пенал. Селекторот Благоја Милевски, потенцираше дека не е задоволен од резултатот и посочи одредени играчи од кои не е задоволен со нивниот настап денес. „Не можам да бидам задоволен од резултатот. Како што напоменав, противникот е незгоден, сите услови за игра, не можеме да се пожалиме на ништо, освен таа вештачка трева на која не сме навикнати. Првиот натпревар е секогаш незгоден, тежок, можеби најтежок натпревар во оваа наша група, така што одиме понатаму, немаме време многу за жалење, за два дена не чека друг натпревар, а крајната цел е првото место во групата во Лигата на Нации. Од првото полувреме не сум задоволен. Очекував од дебитантите многу повеќе од нив и од Иљазовски и од Митровски, затоа беа заменети. Од реакцијата во вториот дел можам да бидам задоволен. Сите сме како тим и сите мораме да функционираме како тим. Но, ме загрижува еден факт, она што го видов денеска кај одредени играчи, искрено не може вака да се настапува за Македонија“, вели Милевски. Наредниот натпревар Македонија ќе го одигра против Ерменија во Скопје.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |