Милевски: Против Хрватска ќе видиме до каде сме

June 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Милевски: Против Хрватска ќе видиме до каде сме

Фудбалската репрезентација утре со почеток од 19 часот ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Хрватска.

Селекторот Благоја Милевски рече дека очекува добар натпревар и дека Хрватска е меѓу топ-5 селекции во светот.

„Планот ние е да ги провериме играчите и да процениме на кого можеме да сметаме во иднина. Моментално се наоѓаме на крајот од сезоната, но она кое го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум. Мора да сте на повеќе од максимумот кога играте за својата држава. Ќе видиме до каде сме, во која насока се движиме и што треба да се поправи пред септемвриксиот циклус“, вели Милевски.

Селекторот Златко Далиќ пак изјави дека го почитува утрешниот противник и дека натпреварот го замислуваат како подготовка пред дуелот на Европското првенство со Албанија и дека ќе играат со повеќе офанзивни фудбалери.

„Имаме право на шестнаесет фудбалери и ќе го искористиме, а дел од фудбалерите ќе добијат одмор. Нема да ризикуваме со Влашиќ, додека Перишиќ ќе биде стартер, ќе игра барем еден час“, рече Далиќ.

Модриќ, Брозовиќ и Пашалиќ нема да играат, а Хрватска на Европското првенство е во група со Албанија, Шпанија и Италија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.