Милевски: Сами ќе одлучиме за првото место во групата

October 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Милевски: Сами ќе одлучиме за првото место во групата

Македонската фудбалска репрезентација и на овие собири ќе биде исправена пред предизвик, да запише две победи на гостински терен против Летонија и Ерменија во рамките на групната фаза во Лигата на нации. „Нè очекуваат уште 4 натпревари, секој од нив е подеднакво важен. Сега играме на гости со Латвија и Ерменија. Ме радува фактот и се надевам така ќе остане, дека сè зависи од нас. Македонија се прашува за изгледот на табелата во оваа Лига на нации. Ќе бидеме задоволни ако и по овој собир бидеме на првото место, каде што сме сега“, рече Милевски. Тој воедно го објави и списокот на 25 фудбалери кои се повикани за овие две средби. „Што се однесува до списокот, за жал повторно имаме некои повреди на фудбалери кои беа непланирани. Трапановски нема да игра поради повреда на тренинг. Ќе мора да паузира 4 до 6 недели. Се надевам дека Трајковски ќе биде подготвен и ќе ни биде на располагање. За жал, Дарко Велковски нема клуб и жалам што не е во посакуваната форма. Не сум задоволен од статусот на Елези во тимот на Бохум. Тој е професионалец и ќе даде сè од себе за да се наметне во клубот. Потребен ни е таков играч, беше со нас на минатите собири и се разбира дека сметаме на него во иднина“, додаде тој. На списокот се најде и еден дебитант, односно стоперот на словачкиот клуб Жилина, 21-годишниот Андреј Стојчевски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.