November 17, 2024 | | Македонија
Благоја Милевски го изрази своето задоволство по победата над Фарски Острови и ги пофали фудбалерите, но и ги критикуваше условите на теренот. „Бевме свесни дека не очекува уште потежок натпревар од оној натпревар со Летонија, но секоја чест на момците, заслужуваат не само честитки, туку и максимален респект од сите нас. Ја користам оваа прилика до кој и да е надлежен, дека фудбалерите треба да играат во најдобри услови за игра. Состојбата со теренот не е нормална, намерно досега не кажав ништо, момците работеа трпеливо, дадоа се од себе и навистина сметам дека заслужуваат подобар терен. Пред 1,5 година напомнав дека сме во делумна транзиција, односно подмладување, но сето тоа го правевме постапно. Сето тоа ни овозможи да оформиме еден тим со голем потенцијал што фудбалерите покажуваат на секој натпревар. Има простор за напредок и на нас е да работиме и да го оствариме она што го замисливме. Македонија е принудена да бара решенија во одредени позиции и сето тоа го правиме додека играме важни натпревари. Ростерот е тој, бројот на фудбалери што можат да бидат конкуренти за европски натпревари е таков каков што е. Но, повторно ќе кажам за мене овие момци навистина не се нормални. Дури осуммина од стартниот состав немаат минутажа во клубовите и од тој аспект заслужуваат огромен респект. Морам да го почитувам тоа што го прават и што го играат за Македонија. Тие се тие и нема никогаш да се откажам, токму поради се што постигнуваат за репрезентацијата. Само тие си знаат како ја одржуваат физичката и менталната форма. Навистина докажаа дека ментално се веројатно најспремни“, рече селекторот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |