Миовски: Кога помисливме дека сѐ е готово, Велс успеа да нѐ казни!

March 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Миовски: Кога помисливме дека сѐ е готово, Велс успеа да нѐ казни!

Македонија беше на прагот на славје, но завршницата ѝ приреди горчлив крај. Бојан Миовски ја разгоре еуфоријата на трибините со погодок во 91. минута, носејќи водство од 1-0, но фудбалската среќа не беше на наша страна – Велс искористи момент на невнимание и во последните секунди дојде до израмнување. Миовски беше на чекор да стане херој на вечерта, но наместо победнички момент, натпреварот заврши со чувство на горчина. „Да примиш гол во последните десет секунди е болно, но тоа мора да нѐ мотивира како селекција. Се боревме храбро против противник со огромно искуство и квалитет, чии играчи настапуваат во најсилните лиги. Бевме тактички дисциплинирани и ја чекавме нашата шанса, но фудбалот е суров – мислиш дека сѐ е завршено, а противник од ваков калибар веднаш те казнува,“ истакна Миовски по натпреварот. Македонија сега го насочува фокусот кон следниот голем предизвик – дуелот со Белгија, кој ќе се одигра на 6 јуни во Скопје.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.