Мизерни условите во Академијата на ФФМ: Талентите биле сведоци на беда! (ВИДЕО)

January 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Мизерни условите во Академијата на ФФМ: Талентите биле сведоци на беда! (ВИДЕО)

Фудбалската федерација на Македонија има ново раководство од кое се очекуваат огромни промени. Денеска тие објавија видео на социјалните мрежи од затекнатата состојба во Академијата на ФФМ каде тренираат младите каде се гледаат мизерните и очајни услови за работа оставени од претходните одговорни лица. Исечените кадри покажуваат искршени врати, оштетени кревети, скршени столчиња, купишта ѓубре и вода на подовите. Видеото предизвика лавина од реакции, бидејќи открива негрижата и занемарувањето што со години се провлекувале.

„Вистината е важна. Погледнете ја затекнатата состојба во Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Секој млад фудбалер заслужува средина која го негува неговиот талент и ја почитува нивната посветеност. Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери уште пред да имаат шанса да блеснат. Наскоро... промените ќе зборуваат сами за себе“, се надеува во објавата на ФФМ.
ФФМ најавува огромни промени и подобри денови генерално за македонскиот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.